Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕТ ТЕШКИ ГОДИНИ ЗА ГЕРМАНИЈА, БАНКРОТИРААТ ГИГАНТИ: На списокот и Гери Вебер, Век-Глејзер, и 300 години старата месарница Рорс
Економија

ПЕТ ТЕШКИ ГОДИНИ ЗА ГЕРМАНИЈА, БАНКРОТИРААТ ГИГАНТИ: На списокот и Гери Вебер, Век-Глејзер, и 300 години старата месарница Рорс

29/07/2023

AA

Бројот на
несолвентните компании во Германија повторно расте. Само во првите шест
месеци од годинава кредитното биро Кредитреформ регистрира над 8.400 фирми во
стечај. Повеќе од 3.500 луѓе во Германија останаа без работа во само неколку добри
компании, и тоа само во последните неколку месеци. Повеќето од овие компании
работат во Германија со години, а некои дури и со децении. Вкупно, околу 800
филијали беа затворени низ целата земја.

– Огромното финансиско оптоварување поради високите цени на
енергијата и материјалите го покажува својот ефект. По години на опаѓање на
несолвентноста, трендот сега е обратен, рече директорот за економски
истражувања во Kreditreform Patrik-Ludvig Hanč.

Најсвеж пример за стечај е сопственикот на „Пепко“, поради
што холдингот кој поседува 72 отсто од „Пепко“ реши да го ликвидира. Пред нив
банкрот прогласија и Шлемермаер, модниот синџир Гери Вебер, Алгајер,
Век-Глејзер, Орсеј, Прајмарк, Данкварт (Себамед), месарот Елба… И сите имаа
финансиски проблеми и три клучни фатални проблеми: инфлација, недостаток на
работна сила и пад на побарувачката.

Пепко во стечај

Европскиот ланец
на продавници за облека и домашни производи Пепко би можел да се најде во
големи проблеми, пренесува Јутарњи лист. Повикувајќи се на пишувањето на
чешкиот портал iDNES наведуваат дека акционерите на Steinhoff International,
компанија која поседува дури 72 отсто од акциите, решиле да ја ликвидираат
компанијата бидејќи сопственикот банкротирал.

Гери Вебер банкротира

Овој моден ланец во последниот период од своето работење се
соочи со големи финансиски тешкотии. Најавија дека ќе затворат 122 од 171
експозитура, а дел од работниците ќе бидат отпуштени.

Ќе бидат укинати околу 420 работни места. Како што е
наведено, во иднина компанијата повеќе ќе се фокусира на големопродажба, како
што беше случајот досега, рече првиот човек на компанијата.

Стечај на фирмата Алгајер

Според германските медиуми, судот во Гепинген и одредил
привремен ресивер на компанијата Алгејер. Алгајер пред една година го презеде
кинеската Вестрон груп, додека пред тоа главен акционер беше семејството на
поранешниот претседател на одборот на директори Дитер Хунд.

Компанијата во ноември објави дека влегувањето на Вестрон
груп ја врати финансиската стабилност, а што тргна наопаку во меѓувреме засега
не е познато, тоа е само еден во низата банкротства во последните неколку дена.

Алгајер вообичаено има околу 1.700 вработени ширум светот
кои беа шокирани од банкротот.

Стечај на компанијата Век-Глејзер

Иконската германска компанија поднесе барање за банкрот,
потврдија челниците на компанијата за медиумите, но без конкретни причини и
детали. Седиштето на оваа компанија е во Бон, каде што е отворена и стечајна
постапка. Оваа компанија е на пазарот повеќе од 123 години.

Сепак, експертите
не предвидуваат економско закрепнување на германската економија оваа година.

Подлегна и најстариот месар

Најстариот месар во северниот дел на Германија поднесе
барање за стечај. Станува збор за месарот Рорс, кој е дел од Јорк од 1709
година. Јорк е гратче на левиот брег на Елба, во близина на Хамбург.

– Нашиот семеен месар работи повеќе од 300 години. Rohrs Butcher
е дел од Јорк од 1709 година. Во Altes Land и пошироко, ние сме познати по
широк спектар на производи, свежина, чистота, квалитет и услуга, се вели на
веб-страницата на Rohrs Butcher.

ФОТО: YouTibe/Print Screen

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy