
Пет месеци по пожарот во „Пулс“: Пет лица сè уште на болничко лекување
И по пет месеци од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пет лица сè уште се наоѓаат на болничко лекување, објави „Фокус“.
Од Фондот за здравствено осигурување информираат дека двајца пациенти се лекуваат во Истанбул, при што едниот е во завршна фаза на третман и наскоро се очекува да се врати во Македонија. Во земјава, еден пациент е згрижен на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, а уште двајца се наоѓаат на болничко лекување во „Аџибадем Систина“.
Според ФЗО, двајца од пациентите се во тешка состојба, а нивниот општ здравствен статус внимателно се следи од медицинските тимови.