Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Пет лица бевме на маса, само јас жив останав, славевме син на другар од детство, паднав под луѓе, се гушев од притисок – ме извлекоа во последен момент“, рече сведокот Китанов
Македонија

„Пет лица бевме на маса, само јас жив останав, славевме син на другар од детство, паднав под луѓе, се гушев од притисок – ме извлекоа во последен момент“, рече сведокот Китанов

26/01/2026

AA

Сведокот Мартин Китанов во своето сведоштво за пожарот во дискотеката „Пулс“ опиша драматични моменти на паника, стампедо и борба за преживување, откако огнот се проширил за време на настапот.

Тој изјави дека со пријател дошол во дискотеката за да го „испочитуваат другарот“, кој подоцна починал, по повод раѓањето на неговиот син. По пристигнувањето, нивниот пријател Ѓорѓи купил две влезници од шалтерот, по што влегле во објектот. Китанов посочи дека не знае кој ги продавал билетите.

Првите 10 до 15 минути ги поминале на маса лоцирана веднаш до бината, на крајот од шанкот. Китанов накратко излегол со намера да оди во тоалет, каде што имало гужва, а на вратата забележал присуство на полиција која вршела идентификација. Потоа се вратил назад на масата.

„Сè течеше нормално сè додека еден од пејачите не се јави на микрофон. Дотогаш не бевме свесни дека нешто се случува“, изјави Китанов. По активирањето на пиротехничките прскалки, за кратко време од бината било соопштено дека мора да се напушти објектот.

Кога се свртел кон излезот, Китанов видел оган и заедно со пријателот се упатил кон главната врата. „До каубојската врата стигнавме брзо, но веќе имаше линија од оган, чувствувавме силна топлина, очите печеа. Од тој момент движењето беше по сантиметар“, сведочеше тој.

По поминувањето на првата врата, повеќе лица почнале да паѓаат, меѓу кои и тој самиот. Китанов паднал напред, по што врз него паднале други луѓе. „Цел ред лежевме на подот. Никој не можеше да излезе“, изјави тој.

Прв кој се обидел да му помогне бил Лазар Захариев, но поради силниот притисок од толпата не успеал да го извлече и продолжил да спасува други. Китанов наведе дека не чувствувал чад, туку силно гушење од притисокот на телата врз него.

„Знаев дека сум во голема опасност. Единствено се обидував да издржам да дишам“, изјави тој. Двајца пожарникари се обиделе да го извлечат, но не успеале поради притисокот. Во моментите кога ја изгубил надежта, како што рече, помислил на своите две деца.

Потоа, како што сведочи, непознато момче му пришло и со голем напор успеало да го извлече. „Тоа го доживувам како божја сила“, изјави Китанов. Тој бил извлечен без патики и со соблечени фармерки.

Надвор, му помогнала девојка по име Ана, која го препознала и му помогнала да се облече, по што му дала вода и го смирувала. Китанов сакал да се врати назад за да ги бара пријателите, но присутните не му дозволиле, укажувајќи дека е повреден и цел во крв.

Откако седнал на тротоарот, доживеал силен стрес и вкочанетост на рацете и нозете. „Гледав пред мене сцени со луѓе и деца кои паѓаа и се онесвестуваа, а јас не можев да помогнам“, сведочеше тој.

Подоцна се упатил кон бензинска пумпа каде работел негов пријател, каде што колабирал и му била укажана прва помош. Подоцна бил префрлен во болница, каде, како што изјави, одбил да слушне информации за состојбата на своите пријатели, стравувајќи од лоши вести.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Основниот суд Битола демантира невистинити информации и апелира за воздржаност

26/01/2026
Македонија

📷 КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ Брзање, црвено и погрешно паркирање, еве

26/01/2026
Македонија

„Пет лица бевме на маса, само јас жив останав, славевме

26/01/2026
Македонија

Утре неработен ден за припадниците на српската заедница

26/01/2026
Македонија

Николоски од протестот на превозниците: Три решенија за избегнување економски

26/01/2026
Македонија

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО РАДОВИШ ПОТПАЛИЛЕ АВТОБУС Подолго време бил паркиран

26/01/2026
Македонија

ФФМ: Собрание без кворум и без организатори – сериозен пропуст

26/01/2026
Македонија

Сведоштво на Тоше Трендафилов: „Црн чад, жештина и хаос –

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40634
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Основниот суд Битола демантира невистинити информации и апелира за воздржаност

26/01/2026

Основниот суд Битола денеска реагираше на последните тврдења и критики кои се појавија во јавноста, истакнувајќи дека станува збор за

📷 КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ Брзање, црвено и погрешно паркирање, еве колку ќе ве чини секоја

26/01/2026

Камерите на системот „Безбеден град“ сè почесто ги фаќаат возачите кои ги прекршуваат сообраќајните правила, а казните не се ни

Утре неработен ден за припадниците на српската заедница

26/01/2026

Согласно Законот за празниците на Република Македонија, утрешниот ден ќе биде неработен за припадниците на српската заедница во државата. На

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy