Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пет компании се пријавиja за изградба на гасоводот во Македонија до Грција
Економија

Пет компании се пријавиja за изградба на гасоводот во Македонија до Грција

08/02/2024

AA

Пет компании се пријавиле на меѓународниот повик за изградба на македонскиот дел од гасоводот преку границата со Грција. Тендерот беше објавен на 24 ноември лани, а крајниот рок за пријавување заврши на 1 февруари годинава.

– На повикот се пријавени вкупно пет заинтересирани страни, од кои 4 странски и една домашна, ни одговорија од инвеститорот, кој во случајов е акционерското друштво во државна сопственост „Номагас“. 

Иако првично беше првично проценето проектот да чини 57,8 милиони евра, во меѓувреме во енергетската и воената криза се зголеми проектираната сума на 83 653 000 евра.

Неофицијално, повеќето компании доставиле пониска сума од проектираната. Од „Номагас“ ни одговорија дека ќе биде потребно време за да се одбере најповолната понуда, затоа што документацијата е обемна.

„Евалуацијата веќе е започната и е во тек, но нема конкретен рок бидејќи понудите се многу волуминозни и секако дека рокот ќе зависи од тоа дали ќе треба да се бара објаснување за одредени прашања. Треба да се напомене дека целата постапка е во согласност со правилата на Европската Инвестициона Банка, и извештајот од евалуација ќе се прати на одобрување кај нив. Но, секако дека заедно со конултантите се прават сите напори за да се убрза целата постапка, бидејќи проектот е од исклучително и стратешка важност за државата“, велат од „Номагас“.

Интерконекторот кон јужниот сосед на нашата земја треба да ѝ обезбеди посигурно снабдување со природен гас, како и диверзификација на изворите од каде Македонија досега го набавуваше гасот, односно руски „Газпром“. Единствената прекугранична гасоводна врска што ја има Македонија во моментов е со Бугарија.

Идниот гасовод меѓу Македонија и Грција е со должина од 123 километри и ќе се гради на потегот од Неготино преку Гевгелија до Неа Месимвриа во Грција. На овој начин, во иднина би се обезбедила алтернативна врска за обезбедување на природен гас од идниот ЛНГ-терминал во Грција, како и од гасоводот ТАП кој од Азербејџан преку Турција носи природен гас кон Европа.

„Ако оди се според планот, и ако имаме прифатлива понуда , до крајот на март треба да почне изградбата“, очекуваат од „Номагас“. Од таму додаваат дека не очекуваат надворешни опструкции на процесот бидејќи станува збор за стратешки интерес на пошироката енергетска заедница.

Претходно министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека низ гасоводот ќе се пренесува и водород, затоа што во иднина државата планира да овозможи изградба на две водородни централи за производство на електрична енергија.

– Имајќи предвид дека сме при крај од изградбата на новиот интерконктор заедно со Република Грција кој треба да го зголеми капацитетот во државава во делот на снабдување со природен гас, но и со можност во иднина да можеме да пренесеме и водород, посочува министерот, почнавме и постапка за изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија, рече Бектеши пред две недели.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy