
Пет гола на Ристовска за убедлив триумф на ЦСКА Москва
Екипата на македонската ракометарка Сара Ристовска уште во првото полувреме покажа дека има јасна цел во натпреварот, а тоа е враќање на победнички патеки, па првото полувреме го доби со 15-11.
Звезда Звенигород заигра подобро во вториот дел и даде отпор, но тоа не беше доволно да ја спречи ЦСКА да го запише седмиот триумф.
ЦСКА има 14 бодови и е на делба на првата позиција со Ростов-Дон, кој има одиграно еден натпревар помалку.
