
Пешевски: Сè уште не сме го кажале последниот збор!
Најдобриот ракометар на Пелистер во мечот со Вардар, Жарко Пешевски кажа дека сè уште ништо не е готово и во Битола ќе се решава шампионот.
„Мислам дека спортски е да се надеваме. Седум гола е предноста на Вардар, но ние сè уште не го кажавме последниот збор. Потрено е искуство за вакви натпревари, а ние грешевме во важни моменти. Се надевам дека ќе ги корегираме грешките и ќе се радуваме на крајот“, кажа Пешевски.

