
Пешевски најави голем генерален штрајк: Не сме биле продуктивни, они се многу продуктивни со Мерцедеси, Поршиња и вили во Грција!
Иван Пешевски од ССМ попладнево на протест најави дека секој ден ќе бидат пред Влада додека не ја постигнат целта за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на сите плати за 6 илјади денари.
Тој порача дека сакаат да им се вреднува работата и трудот, како и дека сакаат достоинствена плата, а не милостина.
„Велат не сме биле продуктивни, они се многу продуктивни со Мерцедеси, Поршиња и вили во Грција! Ќе блокираме институции и ќе донесеме одлука за генерален штрајк првпат во историја на Македонија во приватен сектор, па нека работат они на скеле, нека работат во текстилни фирми, нека сечат шуми, нека видат како му е 30 години на овој работник, доста е, време е да се разбудиме“, рече Пешевски.
Додека се прашуваме како ќе ги прехраниме семејствата, тие уживаат во луксуз, нагласи Пешевски на протестот на ССМ.
