
Перишиќ: Титула со Хајдук би била круна на мојата кариера!
Тој сезонава ќе ја доигра како позајмен фудбалер од Тотнем, додека во следната во целост ќе биде играч на сплитскиот тим. Перишиќ би можел да дебитира дури во април, со оглед што имаше операција на коленото.
„Среќен сум што сум тука, секогаш сонував да заиграм за Хајдук. Се надевам дека што е можно побрзо ќе се вратам на терен. Не ми е никаков проблем да играм на мали стадиони во мали места, јас сум пораснал на такви терени. Ако освоиме титула, тоа би ми било врв на кариерата, но патот до таму е долг, долго време не сме биле прваци, има многу работа. Не прифаќам ништо помалку од прво место“, изјави Перишиќ.
Хајдук после 19 кола во хравтското првенство има 41 бод, шест повеќе од второпласираната Риека, која има и меч помалку, додека следува Динамо Загреб со 34 бода и два меча помалку. Навивачите на составот од „Полјуд“ веднаш го „нападнаа“ виртуелниот фан-шоп на клубот, за да купат дрес со бројот 4 и презимето Перишиќ на грбот. Дресот чини 120 евра сосе сите додатоци, а сајтот падна поради преоптовареност и големиот број нарачки.
