
Перез со гол во 95. минута ја сруши Севиља и донесе победа за Виљареал (ВИДЕО)
Одлично започна натпреварот за гостинскиот состав кога Џанума по само две минути го отвори резултатот. Но, многу брзо веќе во осмата минута се затресе и мрежата на Виљареал, меѓутоа тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.
Севиља сепак успеа да дојде до израмнување во шестата минута од судиското продолжение на првото полувреме кога во листата на стрелци се запиша Лукебакио.
Во второто полувреме видовме и уште еден поништен гол, сега на гостинскиот состав. Фудбалерите на „Жолтата подморница“ сепак успеаа да дојдат до гол кој значеше победа и тоа во 95. минута.