Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пеп има четири желби за летово, ама Сити треба да му најде – скоро пола милијарда евра?!
Спорт

Пеп има четири желби за летово, ама Сити треба да му најде – скоро пола милијарда евра?!

04/03/2023

AA

Пеп Гвардиола, менаџерот на англискиот првак Манчестер сити имал пет желби за засилувања во летниот преоден рок, но од нив еден веќе е недостапен, па остануваат четири фудбалери кои ептен ги посакува, ама за да ги донесе ќе му требаат – пола милијарда евра.

Како што објавува новиот медиум „Релево“ од Шпанија, формиран од екс-новинари на „Марка“ и „АС“, кормиларот на англискиот шампион сака сериозна реконструкција зашто во најава се низа заминувања, ама прашањето дали е реално сѐ да купи.

На листата на желби се дефанзивецот Јошко Гвардиол, најдобриот млад стопер и член на РБ Лајпциг, проценет на најмалку 120 милиони евра, втор е Џуд Белингам, суперталентот на Борусија Дортмунд за кого „милионерите“ не седнуваат на преговори за иста сума како Гвардиол – 120 милиони евра.

На листата е и португалската ѕвезда Рафаел Леао, фудбалерот на Милан, за кој уште летоска Сити сакаше да го купи, а офанзивецот не е достапен за помалку од 100 милиони евра. И четвртиот е англискиот репрезентативен дефанзивен играч за врска – Деклан Рајс. И за него, сто милиони е цената од која Вест Хем не се откажува, особено што и Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед се заинтересирани, па дополнително таа цена расте.

Оваа четворка што ја сака Гвардиола е влог за скоро деценија за Сити, според богатството на шеиците и не е нереално да бидат купени, само сѐ доаѓа во лош момент, кога Сити е под тужба за трансфер-малверзации и се соочува дури и со исфрлање од Премиерлигата.

Единствениот фудбалер кој бил на листата на Пеп, а веќе е недостапен е Камада кој веќе се договори со Ајнтрахт Франкфурт.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy