
Пензионерите поделени: дел ќе протестираат пред Уставниот суд, други ја чекаат одлуката
Дел од пензионерите утре ќе протестираат пред Уставниот суд, незадоволни од иницијативата за оценување на уставноста на линеарното покачување на пензиите. Други пензионери, кои претходно протестираа за оваа мерка, велат дека ќе ја почекаат одлуката на судот и нема да протестираат.
Од Уставниот суд појаснуваат дека не се разгледуваат двете претходни зголемувања од по 2.500 денари, а за новото линеарно покачување се прибираат мислења. Претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова, уверува дека досега исплатените средства нема да се враќаат.
По најавите на премиерот Мицкоски за можен потпис за укинување на мерката, од Фондот за пензиско осигурување реагираат дека исплатата на пензиите е загарантирана од Владата и дека шпекулациите се неосновани. Владата од минатата година има реализирано три линеарни зголемувања во вкупен износ од 6.000 денари.
