Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕНЗИОНЕРИТЕ ФИНАНСИСКИ ИМ ПОМАГААТ НА ДЕЦАТА И ОБРАТНО: Многу граѓани тешко успеваат да бидат целосно независни
Економија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ФИНАНСИСКИ ИМ ПОМАГААТ НА ДЕЦАТА И ОБРАТНО: Многу граѓани тешко успеваат да бидат целосно независни

14/08/2023

AA

Во време кога
пензионерите бараат покачување на пензиите и протестираат за таа цел, прашавме
некои од нив како опстануваат. Дел од нив велат дека помагаат на своите деца
кои немаат стабилни и добри примања, но има и обратни случаи, кога децата
финансиски помагаат на своите родители пензионери затоа што малите пензии не им
стигаат.

Многу пензионери
велат дека добар дел од пензијата ја трошат за лекови. Според нив, со овие
пензии нема комфорен живот.

„Мојот сопруг со
35 години стаж, зема пензија од 10.000 денари. Тој е болен и јас не сум добра,
така што не ни стигнуваат тие пари за лекови. Скоро 6.000 денари даваме за
лекови, а поскапите не ги ни купуваме. Децата си имаат свои семејства, обврски.
Треба на сите пензионери да им се зголемат пензиите“, вели Филонка Анчевска,
граѓанка.

Пензионерите не
сакаат да бидат на товар на децата, но се принудени.

„Мене 40-50 отсто
од пензијата ми оди за лекови. Ми помага син ми. Многу е тешко и за зимно
време. Ми купија 6 кубици дрва, ние сме стари и ни треба греење, не можеме да
седиме во студени простории“, рече Анастасија Маневска, пензионерка.

Друг пензионер
вели дека тој помага на своите деца.

„Јас имам скоро
40 години стаж, а пензијата не е ни 20.000 денари. Смешно е покачувањето од 6
отсто. Јас како пензионер им помагам на децата, а другите пензионери немаат
ниту за себе“, објаснува Стојан Кузмановски, пензионер.

Оние кои допрва
ќе го остварат правото на пензија, се свесни дека ќе мораат да живеат со ниска
пензија како и повеќето пензионери.

„Мојот сопруг
треба да земе пензија, но со 15 години стаж, знаеме дека пензиите се мали. Оние
кои имаат, даваат на децата, а оние кои немаат, мораат да бидат на грбот на
децата, тие да ги издржуваат. Не е добро ниту за млади, ниту за стари, ниту за
вработени, ниту за пензионери, затоа што знаеме дека и платите се мали“, додава
друга граѓанка.

Социологот Марија
Дракуловска Чукалевска вели дека луѓето се трудат да ја одржуваат таа семејна
кохезија и помошта не е само финанисиска, туку и емотивна. Додава дека во
земјава има граѓани кои не можат самостојно да си го организираат животот.

„Не треба да
генерализираме, но сепак ситуацијата во нашата држава е таква, ние не можеме од
тоа да избегаме, иако јас знам во моето опкружување постари луѓе кои не им
помагаат на своите деца, затоа што тие се самостојни, имаат добри примања, а
пензионерите сакаат квалитетен живот во трето доба. За разлика од развиените
земји, каде детето после 18 години се осамостојува, овде на таа возраст младиот
човек може да се осамостои, но можно е и понатаму да му треба поддршка, а таа
поддршка не е само финансиска, туку и емотивна. Постои таа емпатија, семејна
солидарност. Постарите помагаат и во смисла на чување на внуци, одржување на
домот, кратат од своето време, од квалитетот на живот“, рече Дракуловска Чукалевска.

Пензионерите ширум земјава за неделава најавија
протести. Бараат покачување на
минималната пензија во согласност со минималната плата и линеарно зголемување
на сите пензии. Во земјава има повеќе од 330.000 пензионери. Од нив над 94.000 месецот го поминуваат со нешто помалку од 14.000 денари.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy