
ПЕНЗИОНЕРИ, ВНИМАНИЕ!: Пензиите ќе се покачат до ниво од 22.500 денари, еве што друго најави Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски, на својот фејсбук профил најави дека пензиите ќе бидат покачени до ниво на минимална плата, а минималната плата ќе биде покачена на историско највисоко ниво од 22.500 денари.
„ Во буџетот за антикризни мерки до крајот на оваа година се предвидени 75 милиони евра, а за следната година предвидени се дополнителни 55 милиони евра. Овде пред сѐ продолжуваме со мерката за субвенционирање на електричната енергија. Пензиите ќе бидат покачени до ниво на минималната плата, а минималната плата ќе биде покачена на историско највисоко ниво од 22.500 денари. Зголемени плати ќе имаат и работниците во целиот јавен сектор“ објави Ковачевски на својот профил на Фејсбук.
