
Пентагон: Вториот кинески шпионски балон лета над Латинска Америка
Втор кинески шпионски балон лета над Латинска Америка, соопшти Пентагон. Еден ден претходно, на небото на САД беше откриен првиот таков уред, пренесе Ројтерс.
„Свесни сме за извештаите за прелетување на балон над Латинска Америка. Мислиме дека ова е уште еден кинески шпионски балон“, изјави портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер, без да ги прецизира точните координати на уредот.