
Пентагон: Кинески шпионски балон лета над САД (ВИДЕО)
Кинески шпионски балон е осомничен дека летал над САД неколку дена, а високи американски функционери го советувале претседателот Џо Бајден да не го соборува поради стравувањата дека остатоците може да претставуваат закана за безбедноста. „Јасно е дека намерата на овој балон е надзор“, изјави доцна синоќа пред новинарите висок претставник на американската одбрана.
Пентагон го следеше балонот неколку дена додека минуваше над северниот дел на САД, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер. „Примери за ваков вид на активност се забележани во текот на изминатите неколку години, вклучително и за време на претходната администрација“, рече тој.
NORAD and U.S. Northern Command statement on the high-altitude surveillance balloon. pic.twitter.com/NyALmVqJ9k
— U.S. Northern Command (@USNorthernCmd) February 3, 2023
Балонот прелета над Алеутските острови во Алјаска и над Канада пред да се појави над Билингс, Монтана, во средата, соопштија официјални лица. Токму во оваа ретко населена американска федерална држава се наоѓа еден од трите американски подземни силос комплекси за интерконтинентални балистички ракети Minuteman III, што, според официјалните лица, е една од потенцијалните цели на кинеската шпионажа.
Тензиите меѓу Кина и САД, двете најголеми економии во светот, се зголемуваат во последно време поради конфликтот околу Тајван и кинеските воени активности во Јужното Кинеско Море. Вашингтон го надгледува балонот откако пред неколку дена влезе во воздушниот простор на САД, во кој има и американски воени авиони со екипаж.
Официјалните лица одбија да кажат колку високо летал балонот, но признаа дека работи над цивилниот воздушен сообраќај и под „вселената“. Високи американски воени функционери размислуваа да ги соборат балоните над Монтана, но на крајот препорачаа да се спречи тоа поради потенцијалниот безбедносен ризик од остатоците.
За време на брифингот со новинарите во Пентагон, официјалните лица одбија да ја откријат моменталната локација на балонот, ниту да дадат повеќе детали за него, вклучително и неговата големина. „Имавме извештаи од пилоти кои го виделе иако е високо. Доста е голем“, изјави претставник на Пентагон.
The US government has said a strange balloon floating in the sky over Montana is a surveillance device of Chinese origin.
Read the full story: https://t.co/cIkrwgxjsG pic.twitter.com/HwNa1kUAsW
— Sky News (@SkyNews) February 3, 2023
Американските власти го покренаа ова прашање со нивните кинески колеги. Им укажавме на сериозноста што оваа проблематика ја има за нас“, рече еден функционер. Шпионските балони летаа над САД неколку пати во последниве години, но се чини дека овој се задржува подолго отколку во претходните случаи, рече официјалниот претставник.
„Во моментов оценуваме дека овој балон има само ограничена додадена вредност од перспектива на собирање разузнавачки информации, но сепак преземаме чекори за заштита од собирање чувствителни информации од страна на странски разузнавачки служби“, рече претставникот.