Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски за идејата за Европа во повеќе брзини: Ова не е формален предлог, нема причина за загриженост
Македонија

Пендаровски за идејата за Европа во повеќе брзини: Ова не е формален предлог, нема причина за загриженост

11/09/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата по состанокот на лидерите на Процесот Брдо Бриони, одговарајќи на новинарско прашање дали е прифатлив предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за Европа во две брзини, вели дека тоа не е формален предлот доставен до бриселските институции и оти не постои причина за загриженост.

-Тоа е стар предлог на францускиот претседател. Со тезата дека прво треба да има продлабочување пред да има проширување, значи прво треба да има измени на клучните процедури за проширување во ЕУ, па дури потоа да размислуваме за проширување на Унијата. Такво нешто не се случува. Има симболични, но сепак има движења напред во однос на статусот на државите од Западен Балкан кон ЕУ и надвор од Западен Балкан, Украина и Молдавија не чекаат продлабочување на ЕУ туку влегоа во процедура за проширување, рече Пендаровски.

Според него, ако се гледа објективно, во ЕУ долги години па и децении наназад постојат две и повеќе брзини, бидејќи не сите земји-членки се дел од еврозоната и од Шенген зоната.

-Ова не е формален предлог на Макрон, ова е дел од говор од Советот на амбасадори на Франција во светот. Кога би бил формален предлог доставен до бриселските институции од она што го имам како информација не би бил прифатен сигурно. Немаме причина за загриженост, нема да станеме членка утре па да се плашиме дека ќе имаме понизок статус или права од другите земји-членки за нас е најбитно да продолжиме по овој формален пат кој го имаме досега и да се приближиме што е можно поскоро до ЕУ, нагласи Пендаровски.

За хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, Европа во две брзини е идеја која е тешко спроведлива во пракса.

-Пред неколку децении го студирав европското право во Брисел и секогаш се зборуваше за ова. Тоа е невозможно, не гледам како тоа може да функционира, тоа е политички неспроведливо, доколку станува збор за формален предлог од францускиот претседател Емануел Макрон, не сум сигурен дека постои таков предлог. Дури и да постои таков предлог, било чиј да е, тоа така не може да функционира, кажа Милановиќ.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар кажа дека не ја гледа Европа во повеќе брзини и оти не е приврзаник за Европа во две или три брзини.

-Од повеќе аспекти треба да се гледаат овие предлози што доаѓаат од земјите-членки на ЕУ. Предлогот што го поддржа и Урсула Фон Дер Лајен државите на Западен Балкан, Украина и Молдавија да се направи некаков прогресивен план што порано во тој семент не гледам Европа во повеќе брзини, ниту сум поборник на брза Европа, секоја членка е еднаква со еднакви права и обврски но мислам дека е добро државите од Западен Балкан да се приклучуваат кон определени проекти кои се полесно извршливи можат да се реализираат, 20 години гедаме како се одвива соработката во Европа, така да не сум за Европа во повеќе брзини, рече Пирц Мусар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy