
Пендаровски во моментов не планира втор мандат
Шефот на државата Стево Пендаровски истакна дека не планира да се кандидира за нов мандат.
На новинарско прашање за тоа дали повторно ќе се кандидира, Пендаровски одговори негативно, што се протолкува дека нема да се кандидира, но сега извори од Кабинетот на претседателот велат дека станува збор само за погрешна интерпелација.
Претседателот сакал да каже дека моментално не размислува за втор мандат.
