Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена
Македонија

Пендаровски: Се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена

15/10/2023

AA

Руралните жени се столб на локалната економија, придонесувајќи како земјоделки, сезонски работнички и како претприемачки, порача претседателот Стево Пендаровски на денешниот настан во Крушево по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина.

Како што информираат од неговиот кабинет, Пендаровски посочил дека во реалноста се уште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена на било кое ниво во државата.

-Несомнено, ни претстои голема работа за да овозможиме економска самостојност и социјална интеграција на руралната жена. При тоа, неопходен услов е поддршката на женското лидерство и на организациите кои се занимаваат со оваа проблематика. Гласот на руралната жена, нејзините потреби и проблемите со кои се соочува, треба да бидат чуени, но и решени. Поддршката на оваа категорија жени не смее да биде декларативна и наменска, како што најчесто е, и не само на меѓународниот ден, туку суштинска и секојдневна, изјавил шефот на државата.

Оценил дека е потребен ангажман на сите засегнати страни како и функционално партнерство меѓу државните институции и граѓанските организации заради вклучување на руралните жени во процесот на одлучување на сите нивоа, со што и самите ќе станат креатори на политиките и иницијативите за подобрување на нивната положба.

Воедно посочил дека клучно е и надминувањето на стереотипите и на традиционалното вреднување за местото и за улогата на жената во заедницата и во општеството, што е најизразено токму во руралните средини.

-Во овој контекст особено релевантни се темите за обезбедување на платено породилно отсуство и здравствено осигурување на жените земјоделки. Со својот ангажман, тие, пред се, придонесуваат за одржување на семејството, односно, обезбедување на храна и намирници за домаќинството, но, и за производство кое го пласираат на пазарите. Покрај оваа работа, тука е и нивната секојдневна грижа за семејството и најголемиот товар околу подигнувањето и воспитувањето на децата. Накратко кажано, руралните жени сe пример за посветеност, солидарност и грижа за другите, подвлекол претседателот.

Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска рекла дека жените од руралните средини се соочуваат со голем број предизвици како социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита и други јавни и социјални услуги.

На настанот се анализирале начините како да се поттикнат жените да имаат клучна улога во обезбедувањето на храната преку одржливост на руралните домаќинства и земјоделски стопанства, но и како да се подобри социјалната и економска положба на жените од руралните средини.

-Она што сакаме да го истакнеме како посебен наш заеднички успех и резултат е донесената Програма за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност. Во име на нас жените од руралните средини ја истакнуваме важноста на оваа Програма. Таа е одлично решение кое им овозможува на земјоделките да добијат паричен надомест за време на мајчинството во период од 9 месеци. Ова е голем успех за земјоделките кои навистина ја заслужуваат оваа поддршка, порачала Мојсовска.

На манифестација присуствувала и првата апликантка на Програмата за мајчинство, Густе Златкова, одгледувачка на овци и производителка на сирење и истакнала дека оваа програма е навистина значајна за регистрираните земјоделки.

-Програмата помага во првите девет месеци жената да добива финансиска поддршка и повеќе да биде насочена кон обврските за детето, отколку на другите земјоделски активности, појаснила таа.

Шведска, како што посочила амбасадорката Ами Ларсон Џеин, е долгогодишен поддржувач руралните жени во земјава.

-Жените се уште немаат еднаков третман како мажите во општеството, се среќаваат со многу предизвици, недостаток на работа, неплатена работа, дури и насилство, но тие остануваат и продолжуваат да обезбедуваат храна за семејствата но и за сите нас, Затоа е потребно е да бидат ценети подеднакво како и мажите, истакнала Ларсон Џеин.

Во видео обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, пак, ја потенцирал целокупната заложба на Владата за развој на земјоделството со посебен акцент на руралната жена.

-Сите заедно ја креиравме мерката за „Рурална жена, а тоа беше мотив да ја продолжиме поддршката со фокус на развивање на политиките на жените од сите региони кои инвестираат во знаење, технологии и маркетинг на производите, и ќе продолжиме со се она што можеме да го промовираме сето она што се произведува во нашата земја и под нашето сонце, изјавил тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy