Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени
Македонија

Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

27/11/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени.

Претседателот Пендаровски истакна дека на глобално ниво, со намалено темпо се преземаат обврски за борба против климатски промени. Осврнувајќи се на влијанието на руската инвазија врз Украина врз европскиот континент, врз пазарите на храна и енергенси, претседателот Пендаровски посочи дека потрошувачката на енергија се зголемува токму од изворите кои се најголеми загадувачи. Што се однесува на регионот на Западен Балкан, додаде тој, како ресурс значително се користи јаглен.

Во пресрет на Конференцијата за климатски промени – КОП28 каде претседателот ќе ја предводи државната делегација, тој истакна дека и на вакви мултилатерални настани, многу малку се слуша гласот на малите држави.

„Ако големите држави решат да не ги почитуваат параметрите кои ги потпишале, или да не ги имплементираат на време поради одредена причина, најчесто ја наведуваат војната во Украина, тогаш на нас помалите ни останува да бидеме само гласни. Ние ќе бидеме гласни и овој пат“, рече претседателот Пендаровски во дискусијата.

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски го посочи Фондот за борба против климатските промени којшто е инициран на конференциите за климатски промени, а кој треба да вреди 100 милијарди долари. Во него, како што посочи претседателот Пендаровски треба да донираат богатите држави, а средствата потоа да ги користат помалку развиените земји. Но засега, истакна претседателот Пендаровски, тој фонд не е пополнет ниту до половина.

Во оваа насока, претседателот Пендаровски истакна дека многу малку држави ги достигнуваат националните цели кои самите ги декларираат и објавуваат. Затоа, дополни тој, граѓанскиот сектор не само во земјава, туку и пошироко, треба и мора да продолжи да ги критикува и притиска националните влади за поголем придонес и помало загадување.

На дискусијата се обрати и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан.

„За нас во УНДП, младите луѓе се важен дел од климатската акција. Иако тие се недоволно претставени во процесите на носење одлуки, сепак, како што видовме во повеќе случаи минатите години – знаењето, енергијата и упорноста на младите луѓе предизвика глобално движење кое се бори за храбри климатски мерки, а младите станаа предводници на важни иницијативи. Затоа сакам да ви ја ветам нашата поддршка за вашата посветеност со справување со климатската криза и да ви кажам дека ние сме со вас во овој заеднички потфат. Ги ставаме на располагање нашите ресурси, експертиза и соработка бидејќи ја препознаваме моќта на вашите иницијативите и влијанието што тие можат да го имаат врз обликувањето на иднината“ истакна Григорјан.

 

Во денешната дискусија учествуваа претставници од неколку граѓански организации и иницијативи, „На точак“, Сојузот на извидници, Македонското еколошко друштво, „Биди зелен“, „Еко-свест“, Националниот младински совет и „Милиеуконтакт Македонија“. Активистите ги акцентираа прашањата поврзани со климатските предизвици, ги презентираа своите тековни активности и претставија идеи и можни решенија со цел заедничко дејствување против климатските промени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy