Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Процесот на приближување кон ЕУ се одвива со задоволително темпо во оваа фаза
Македонија

Пендаровски: Процесот на приближување кон ЕУ се одвива со задоволително темпо во оваа фаза

17/03/2023

AA

Актуелните состојби поврзани со европските аспирации на Република Северна Македонија, реформскиот напредок во клучните области, како и политичките состојби во земјава и во регионот биле теми на денешната средба во Вила „Водно’, на претседателот Стево Пендаровски и Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија.

Пендаровски и Борел, во изјавите по средбата истакнаа дека размениле мислења и информации за текот на пристапните преговори на Република Северна Македонија и скрининг процесот, кој се одвива веќе неколку месеци, и го поздравија одржувањето на денешниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.

– Формално, господинот Борел денеска е тука за состанок на Советот за стабилизација и асоцијација што се случува по првпат во Скопје, што е уште еден знак или потврда дека процесот на наше приближување кон Европската Унија се одвива со задоволително темпо во оваа фаза, иако станува збор пред сè за техничка фаза и за скенирање на состојбите во виталните области, сепак проценките од Брисел се дека нашите одговори во однос на сите поставени прашања и дилеми во оваа фаза се на висококвалитетно ниво, што не би требало да изненадува со оглед дека ние се подготвувавме за преговорите седумнаесет години, и сме еден од најдобро подготвените кандидати за преговори со Европската Унија, изјави Пендаровски.

Борел, пак, истакна дека на средбата го информирал претседателот Пендаровски за резултатите од денешниот Совет за стабилизација и асоцијација, кој, се одржува првпат во земјава, а ја поздрави и како што нагласи, силната и јасна поддршка од страна на претседателот за реформските процеси на патот кон ЕУ.

-Ја ценам Вашата улога, господине претседател, Вашата силна улога и јасна поддршка за реформите потребни за приближување на Северна Македонија кон членството во Европската Унија. Оваа реформа треба да се договори и спроведе за доброто на Северна Македонија. Не само на европскиот пат, туку со цел да се изгради пожива демократија и попросперитетна економија, истакна Борел.

Посочи и дека добрососедството, добрите односи меѓу соседите и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување.

– Ако земјите од Западен Балкан сакаат да станат членки на Европската унија, тоа е добро, а меѓу нив треба да имате добри односи и добра регионална соработка, рече Борел.

Пендаровски и Борел на средбата разговарале и за состојбите и перспективите на земјите во регионот на Западен Балкан, како и за дијалогот Белград – Приштина во пресрет на утрешните преговори меѓу двете страни во Охрид.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy