Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: Ниту сум бојкотирал, ниту, пак, ќе бојкотирам избори, на 8 мај ќе славиме во цела Македонија
Македонија

Пендаровски: Ниту сум бојкотирал, ниту, пак, ќе бојкотирам избори, на 8 мај ќе славиме во цела Македонија

26/04/2024

AA

Борбава и формално правно и политички почнува од нула како да немало прв круг. На 8 мај не само овде во Крушево ќе славиме и во цела Македонија, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средбите со жителите на Крушево.

Тој ги негираше обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

-Веројатно сте слушале вчера, денес од кога заврши првиот круг, нашиве политички противници коишто се уште се убедени дека ќе победат, нека живеат во тоа уверување, почнуваат да ги кажуваат овие муабети што ги зборуваат уште во првиот круг, ќе била разликата толку голема и ќе сме немале  никакви шанси да победиме затоа ќе сме бојкотирале. Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам, а кој сака нека бојкотира, рече Пендаровски

Посочи дека не бојкотирал ни во 2014 година, ни во 2019, ни 2016 година, а, како што кажа, нема да бојкотира избори ни оваа 2024 година.

-Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме. И во минатото и денес, крушевчани секогаш знаеле да донесат правилна одлука. Тоа го докажаа на првиот круг од претседателските избори. Знам дека и на 8 мај нивниот избор ќе биде бројот 1. Македонија заслужува натпартиски, претседател на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност, рече Пендаровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy