
Пендаровски на ифтарска вечера кај семејството Рамадани
Претседателот Стево Пендаровски вечерва присуствуваше на ифтарска вечера кај семејството Рамадани.
„Благодарност до семејството Рамадани за укажаната чест да бидам дел од ифтарската вечера во нивниот семеен дом. Ова не се само денови на пост и молитва, туку и денови кога треба да покажеме почит и внимание кон традицијата и различните верски обичаи. На сите верници од исламска вероисповед им посакувам рамазанските пости да ги поминат во мир, спокој и семејна хармонија“, напиша Пендаровски.