Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски најави ветинг за судии, обвинители и политичари: Треба да бидат разрешени од функциите и во затвор!
Македонија

Пендаровски најави ветинг за судии, обвинители и политичари: Треба да бидат разрешени од функциите и во затвор!

05/04/2024

AA

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски вечерва на централен митинг на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип повторно ја побара довербата од граѓаните.

„Вечерва повторно ја барам довербата од вас граѓаните, затоа што можам да ве погледнам во очи и да ви кажам дека во изминатите пет години зад моето име нема ниту една криминална афера, ниту еден случај на корупција, на провизии или на наместени тендери“, порача Пендаровски, кој додаде дека доколку ја добие довербата и во наредните пет години ќе продолжи да работи за плата, а не за проценти, ќе продолжи со еднаквиот третман кон сите луѓе независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат.

Пендаровски истакна дека јасно е оти Македонија е можна само како демократска и просперитетна држава ако ги чува витални и ги одржува живи двата стратешки континуитети: евро-атланските интеграции и меѓу етничките односи.

Посочи дека како национален координатор за НАТО во 2018 година ги водел преговорите за членство во Алијансата, со што како што рече долгорочно е осигуран опстанокот на државата. Пендаровски вели дека ја подржал преговарачката рамка за влез во ЕУ, со којашто не само што се започнати преговорите по 18 години, тука какошто рече на централниот митинг во Штип, договорено е со Брисел македонскиот јазик да биде еден од официјалните јазици на ЕУ.

„Во септември минатата година го потпишавме договорот со Фронтекс, европската агенција која се грижи т.н Шенгенски граници на англиски и на македонски јазик. Поголем доказ од тоа дека ние сме тие која ја штитат македонштината нема, а тие работат против таа кауза“, вели Пендаровски.

Забележа дека сегашната опозиција била 11 година на власт и не се памети дека имаат донесено една тешка одлука за државата, а токму преку носење на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси, но се губи рејтингот. Пендаровски додаде дека актуелната опозиција и тогаш и денес билљ заинтересирани само за власт и пари. Тој нагласи и дека неговата политичка филозофија е против поделбата на луѓето по било која основа, додека опозицијата дели на наши и ваши, патриоти и предавници и затоа подвлече дека на овие избори со масовно гласање граѓаните треба да ја одбијат оваа понуда од опозицијата.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Пендаровски вечерва од централниот митинг на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип порача дека по изборите нужно е да се направи целосен ветинг на судиите, обвинителите, но какошто рече и на политичарите. И тоа на сите кои намерно држеа предмети во своите фиоки или не можат да докажат како од плата станале милионери.

„Тие треба да бидат разрешени од функциите и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политичка функција. Македонската јавност е сведок дека како Претседател пет години во континуитет јавно ги осудувам грешките на сите коишто ги кршеа законите, вклучувајќи ги и оние кои ме поддржуваа“, рече Пендаровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy