
Пендаровски: Ми се налутија од Влада оти реков дека не е време за покачување на платите
„Да и тоа во најголем дел од тоа не беше јавно. Во приватна комуникација со првите луѓе во Владата“, рече претседателот Стево Пендаровски вечерва во интервју за Сител телевизија.
Оваа реакција следувала откако претседателот изјави дека во моментов платите не смее да бидат покачени.
„Меѓутоа, таа одлука објективно ви кажувам како граѓанин, не како претседател. Таа не може да се брани. Не може да се брани во време кога имате кризи, кои заслуваат, кога замрзнувате продукти итн“, додаде Пендаровски.

