
Пендаровски: Граѓаните ќе си ја чешаат главата кога ќе се разбудат со власт која дошла со манипулации, но ќе биде доцна
Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21, претседателот Стево Пендаровски кажа дека опозицијата ја злоупотребува реториката. Тој ги искажа како неточни тврдењата на еден висок претставник од опозицијата, кој тврдеше дека македонскиот јазик не е во Преговарачката рамка.
„Гледам дека се злоупотребува реториката и претходно. Се работи за огромна манипулација, а во изборен период на граѓаните може да им влезе се во главата. Секој ден ако им трубите дека само како Бугари може да влеземе во ЕУ, тие ќе ви веруваат. Еден претставник од опозицијата вели дека не е точно дека македонскиот јазик е во Преговарачката рамка, а ние потпишавме договор со Фронтекс, и се виде дека договорот се потпишува на македонски и на англиски јазик. Неспорно е идентитетот е сочуван. И граѓаните утредента кога ќе се разбудат со таква власт која користи таква реторика, ќе си ја чешаат главата, ама ќе биде доцна“, рече Пендаровски.
