Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски ги посети критичните подрачја погодени од невремето во Крива Паланка
Македонија

Пендаровски ги посети критичните подрачја погодени од невремето во Крива Паланка

19/06/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги посети најкритичните локации со свлечишта во Општина Крива Паланка настанати од поплавите што изминативе денови беа предизвикани од поројните врнежи од дожд.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски,со претставници од општинските служби го информираа претседателот Пендаровски за настанатите штети во градот и околината, за состојбата на патната инфраструктура, свлечиштата од поголем обем и превземените мерки за расчистување на состојбата.

Од Општина Крива Паланка информираат дека поради обемот на штетите за нивна санација, ќе биде неопходна помош од државата, особено за решавање на двете големи свлечишта: на улицата кон т.н. Саат маала кај „Осички Мост“, каде поради оштетување на патот отсечени се 200 куќи и стариот патен правец кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, каде невремето предизвика свлечишта од голем обем.

И за двете свлечишта доставена е информација до Управувачкиот комитет на Владата на РС Македонија кој заседаваше денес.

Во текот на вчерашниот ден на увид за помош на терен во насип и санација на земјени селски патишта беа претставници од армискиот инженерски вод, а тука, посочија од општината, исто така е потребна поддршка за Крива Паланка, за што беше запознаен претседателот како врховен командант на АРМ.

Пендаровски и Митовски го посетија и речното корито на Крива Река во урбаниот дел на градот, којшто надојдените води го поплавија, а општинските служби за помалку од 24 часа успеаја да го вратат во првобитната состојба, за што им честиташе лично и претседателот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy