Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски ги кани сите седум кандидати за претседатели на мастер дебати – доколку еден не прифати, идејата нема да се реализира!
Македонија

Пендаровски ги кани сите седум кандидати за претседатели на мастер дебати – доколку еден не прифати, идејата нема да се реализира!

21/03/2024

AA

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ги покани неговите противкандидати на две мастер дебати.

Тие би се одржале на почеток и на крајот од изборната кампања, која почнува на 4 април.

Идејата за двете мастер дебати, како што брифираат од неговиот штаб е искомуницирана со останатите претседателски кандидати, кои засега не ја отфрлиле, но имаат рок до среда да го дадат својот конечен одговор. Мастер дебатите се за сите седуммина кандидати, така што во случај некој да прифати, а некој не, идејата нема да се реализира.

Мастер дебатите би се организирале на неутрален терен во времетраење од 180 минути, а секој од кандидатите ќе учествува во организацијата, ќе ја води модератор, за кој сите ќе постигнат согласност, додека пак и трошоците ќе ги делат сите.

Секој од кандидатите ќе има можност да донесе своја публика, а ќе бидат поканети и претставници на медиумите, при што ќе постои можност да се поставуваат прашања.

Пендаровски во текот на кампањата, како што велат од неговиот Изборен штаб, ќе организира ифтарска и велигденска вечера, на која ќе ги поканите сите учесници во трката за претседателските избори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy