Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски: ЕУ сериозно укажува на злоупотреба на европското знаменце, ова не е приказна за мали деца!
Македонија

Пендаровски: ЕУ сериозно укажува на злоупотреба на европското знаменце, ова не е приказна за мали деца!

14/02/2024

AA

Шефот на државава Стево Пендаровски денеска во изјава за медиумите порача дека Европската унија сериозно укажува на злоупотреба со европско знаменце и по кратка постапка да се носат закони, како што беше направено во областа на игри на среќа.

Тој им одговори и на обвинувањата од ДУИ дека „непотпишувањето на законот е приказни за мали деца“ и порача дека не смее да се повторува овој начин на носење на закони.

„Јас не мислам дека писмен допис од Брисел за било кого тука во земја кандидат која преговара за членство во Европска унија може да се каже дека е приказна за мали деца. Според мене, тоа е сериозно укажување кое не би смеело како однесување да го повторуваме понатаму. Пред месец дена Европската комисија, значи Европска унија од Брисел праќа писмо до Владата и вели во процедура во Собрание имате закон со кој практично се злоупотребува европското знаме, бидејќи таква европска директива нема. Меѓутоа, пратениците тераат до крај, го усвојуваат тој закон. Пред неколку дена доаѓа европскиот амбасадор кај мене и ми вели, ова е злоупотреба уште една во серија на европското знаме, никој не спори дали е законот добар или лош вели, не смее да биде злоупотребувано европското знаме. Тој посочува дека ако сакаме да одиме во Европска унија, мораме пред да станеме членки да се однесуваме како прави европјани. Вели ова е на балкански начин, а во извештајот за вашиот прогрес во октомври, што се објавува секоја година, имаме серија критики зошто некои закони ги носиме на таков начин“, вели Пендаровски.

Тој додава дека мора да има прецизна европска директива со број и датум кога е донесена, и дека воопшто не навлегува во содржината на законот.

„Во овој случај такво нешто нема и затоа треба законот да оди во редовна процедура и да не трае само 2, 3 дена, целата расправа, само тоа е. Не велиме дали е добар или лош законот како содржина може да е одличен. Меѓутоа велиме мора да се однесуваме како Европа. Бидејќи јас сум легалист за мене најважна работа тоа да го нема. Се друго може кога ќе иде во редовна процедура ќе ги чуеме аргументите и на едните и на другите и македонската јавност ќе ги чуе и ќе заклучиме што е најдобро за неа“, порача Пендаровски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy