Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски – Борел: Очите на ЕУ и на луѓето од Западен Балкан се насочени кон Охрид
Македонија

Пендаровски – Борел: Очите на ЕУ и на луѓето од Западен Балкан се насочени кон Охрид

17/03/2023

AA

Добрососедството, добрите односи меѓу соседите и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување. Ако земјите од Западен Балкан сакаат да станат членки на Европската унија, тоа е добро, а меѓу нив треба да имате добри односи и добра регионална соработка, изјави Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија по средбата во Вила „Водно“ со претседателот Стево Пендаровски.

Двајцата потврдија дека најголемиот дел од разговорите на средбата бвиле посветенеи на следниот состанок на високо ниво во рамките на дијалогот Белград-Приштина, што ќе се одржи утре во Охрид, а ќе го координира Борел.

Пендаровски истакна дека станува збор за исклучително важно регионално прашање кое долги години стои на целокупната западно-балканска агенда и чиешто решавање, нагласи, може само да помогне за побрзо приближување на целиот регион, не само на страните кои се инволвирани, кон евроатлантските асоцијации.

-За нас е исклучително значајно тоа што оваа важна работна сесија од преговорите се одвива во нашата земја, поточно во Охрид, бидејќи тоа и господинот Борел го спомена, можеби и ќе го повтори, тоа е знак дека Република Северна Македонија направи тешки компромиси во меѓувреме, покажа нетипично балканско однесување и изминативе години функционира како вистинска мултиетничка демократија, што е реткост и во пошироки рамки. Ова го доживуваме како признание за постигнатото во изминатиот период и се разбира како поттик на домашните политички сили да продолжат со реформите, со европските реформи, за што е можно побрзо да станеме полноправна и формална членка на Европската Унија, рече Пендаровски.

Високиот претставник Борел, од своја страна се заблагодари за можноста во Охрид да се одржи новата средба за дијалогот Белград – Пришина кој се одвива со посредство на ЕУ.

-Сакам да Ви се заблагодарам, сакам да и се заблагодарам на Северна Македонија, што го обезбедивте местото за оваа важна средба, како и за Вашата севкупна поддршка за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Се надевам дека прекрасниот пејсаж на Охрид ќе создаде убава атмосфера, неопходна за постигнување договор, рече Борел.

Тој при тоа потсети дека пред три недели во Брисел премиерот Курти и претседателот Вучиќ се договорија за предлогот на Европската унија, кој има силна поддршка оид Франција, Германија, Италија и САД дека овој предлог ќе биде патот за нормализирање на односите меѓу нив, а новата средба утре во Охрид ќе биде посветена на финализирање на анексот за имплементација. ЕУ утре ќе излезе со консолидирана верзија на анексот, за која се надева дека Косово и Србија ќе ја прифат.

-Одам за Охрид со надеж дека ќе се соочам со уникатна можност за Косово и Србија да се придвижат напред и да постигнат напредок, да ги нормализираат нивните односи. Господине претседател, во Ваше присуство, сакам да истакнам дека оваа можност треба да се искористи затоа што никој нема да има повеќе корист од тоа отколку луѓето од Србија и Косово, бидејќи никој нема корист од неопходните реформи за да биде дел од Европската унија како државјани на земјите кои денес се кандидати. Има можности кои не треба да се изгубат. И денес очите на Европската Унија и на луѓето од Западен Балкан се насочени кон Охрид. Да се надеваме дека ќе биде успешна, порача Борел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy