Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски ја посети општина Чашка – му го покажаа јаворот за кој се верува дека е посаден во 15 век
Македонија

Пендаровски ја посети општина Чашка – му го покажаа јаворот за кој се верува дека е посаден во 15 век

07/03/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска ги посети селата Теово, Богомила и Горно Врановци во општина Чашка.

Во Теово на претседателот Пендаровски му беше претставен јаворот за којшто се претпоставува дека е посаден во 15 век, претставува симбол на селото и едно од најстарите дрва во земјава. Претседателот беше информиран дека поради староста и спецификите, донесено е решение ова платаново стебло да биде прогласено за природна реткост, под надлежност на општина Чашка и беше запознаен со мерките што се преземаат за заштита, ревитализација и одржување на јаворот. Во разговорот со локалните жители беше посочено дека овие раритетни стебла, покрај како споменик на природата, имаат и културно-историска вредност создавана низ вековите, којашто секоја генерација има обврска да ја сочува.

Претседателот Пендаровски имаше можност да поразговара со жителите на Теово и за секојдневниот живот во селото, за предизвиците со кои се соочуваат, и да ги слушне нивните размислувања за актуелните теми во државата.

Во селото Богомила претседателот Пендаровски ја посети спомен – куќата на познатиот македонски општественик, публицист и идеолог на револуционерното ослободително движење и еден од основачите на ТМРО, Петар Поп Арсов. Од страна на историчарот и кустос Марин Клифов и директорот на Народниот музеј Велес, Ангел Коруновски, претседателот беше информиран дека во 1986 година, куќата е конзервирана и била поставена музејска поставка, а истата година е прогласена за културно наследство на државата. При разгледувањето на документираните записи, предмети и фотографии, беше истакнато дека покрај што претставува признание и чест за делото на македонскиот револуционер, спомен – куќата истовремено е важен сегмент во туристичките потенцијали на Богомила, поради што пред дваесеттина години е санирана и реконструирана, задржувајќи ја автентичната архитектура.

Во селото Горно Врановци претседателот Пендаровски ја посети Партизанската печатница „Гоце Делчев“, каде што е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“, Меморијалниот музеј на Президиумот на АСНОМ, како и Меморијалниот музеј на Главниот штаб на НОБ и ПО на Македонија. При посетата беше посочено дека петте спомен – куќи во Горно Врановци, кои претставуваат меморијални музеи, сведочат за значаен историски период од антифашистичката народноослободителна борба и неопходно е постојано подигање на свеста за одржување на автентичноста на објектите и зачувување на музејските поставки во нив.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy