Пелистер со спектакуларен старт го преслуша најтрофејниот (ФОТО)
Кошаркарите на Пелистер имаа фуриозен старт, па во еден момент стигнаа до водство од 23-6, по што Работнички постојано бркаше негатива и во финишот на првото полувреме успеа да намали на само четири поени (42-46).
Пелистер со серија од 7-0 повторно се врати на +11 (53-42) на почетокот на вториот дел, но Работнички не се предаваше и се бореше за враќање во игра, меѓутоа намали на два поени негатива на крајот на третата четвртина (64-66).
Битолскиот тим го одржуваше водството, но Работнички и покрај очајните обиди не успеа да направи пресврт и го загуби натпреварот со 79-88.
Карпентер со 30 поени беше најдобар во победничкиот тим, додека Малешевиќ постигна 20 поени за Работнички.
Работнички по 13 одиграни кола има седум победи и шест порази, додека Пелистер има 10 триумфи и три порази.