
Пелистер со нов плејмејкер во вториот дел од сезоната
Нов играч на битолскиот тим е американскиот интернационалец Дејшон Најт, 32-годишен организатор на играта висок 185 сантиметри кој во Македонија доаѓа од САД, но во својата кариера играл и во БиХ, Бугарија, Израел, Косово, Литванија, Црна Гора, Австралија, Катар, Швајцарија и Турција.
Зимава Пелистер се раздели со Малколм Бернард кој кариерата ќе ја продолжи во словенечкото првенство, во тимот на Хелиос Домжале.
