
Пелистер се засили со Србин со големо искуство во ЛШ!
Србинот доаѓа од Норвешка, каде во последните две сезони го носеше дресот на Елверум и редовно играше во Лигата на шампиони (ЛШ), а минатата сезона постигна и 49 гола во елитното ракометно натпреварување.
Матичен клуб на српскиот репрезентативец е Веспрем, а во текот на кариерата играше и за Татабања, Тулуз и Елверум.
Пелистер ќе го промовира новото засилување на почетокот на подготовките на екипата во Битола.