
Пелистер се пофали со Магдевски – кошаркарот (засега) демантира!
Битолчани летоска го почнаа новиот, амбициозен проект, со нова управа која ќе се обиде да го одржи клубот во врвот на македонската кошарка. Собраа неколку македонски репрезентативци, меѓу кои од вечерва го вклучија и Магдевски, барем според изјавите на луѓе од раководството на вицешампионот за дел од македонските медиуми.
Но и покрај ова тврдење, македонскиот репрезентативец, барем засега, демантира дека потпишал за Пелистер. Тој е без ангажман откако летоска му заврши договорот со холандскиот прволигаш Гронинген. Во текот на подготовките за новата сезона, искусниот плејмејкер тренираше со ТФТ и МЗТ Скопје, но не дојде до договор со еден од овие клубови.

