
Пелистер потшиша две ипол годишен договор со талентираниот голман Јовчевски
Јовчевски е роден битолчанец кој ги мина младинските категории на битолчани, а сега потпиша професионален договор, како влог за иднината на битолската гордост, која изгради тим со фудбалери од градот на конзулите во трката са се врати старата слава на еден од најголемите македонски фудбалски брендови.
Пелистер зимава како засилувања за пролетниот дел од Втората лига во кој ќе мора да надокнадат сериозен заостаток во трката за место во Првата лига ги донесе ексш-фудбалерите на Победа, Благоја Спиркоски и Марио Наумоски, кој е младински македонски репрезентативец, како и доскорешниот вардарец Ерен Партакло, а патем донесе и нов кормилар во Бобан Бабунски како наследник на Марјан Секуловски кој есеноска ги водеше зелено-белите..