Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер потклекна: Феникс на македонски погон до историско куп-финале (ФОТО)
Спорт

Пелистер потклекна: Феникс на македонски погон до историско куп-финале (ФОТО)

17/02/2023

AA

Кошаркарите на Феникс пред почетокот на завршницата од Купот на Македонија по малку препотентно најавија дека се дојдени во СРЦ „Кале“ да играат финале, но со вечерашната голема победа против Пелистер (86-79) го остварија кажаното.

Ова е историски момент за овој клуб со куса традиција, остварување за почит со оглед што е остварено со само седум кошаркари во ротација од кои шестмина и тоа најдобрите беа Македонци. Скопскиот тим е 16-ти во изминативе три децении од ова натпреварување кој се борел за трофејот, со желба да го повтори ланскиот успех на ТФТ, кој дебито го круниса со голема победа. За тоа и на Феникс ќе му биде потребна победа над МЗТ Скопје, што и нема да биде лесна задача со оглед на тоа што аеродромци го прикажаа денеска токму против популарната Тафта.

Избраниците на тренерот Денис Дервишевиќ апсолутно го заслужија триумфот, особено поради блескавиот старт и водството со плус 16 (37-21) во вториот период. Битолчани до крајот на првото полувреме се вратија во игра, во второто и во неколку наврати поведоа, но на крајот пресуди поголемата желба на кошаркарите на Феникс.

Бојан Трајковски со 18 поени и 13 скока, Амар Хот со 18 поени и 10 поени и Андреј Митревски со 16 поени и 10 асистенции беа трите ѕвезди на Феникс кои го одбележаа ова полуфинале и кои му донесоа на својот тим историско финале. Сеад Хаџифејзовиќ со 25 поени беше најпрецизен кај Пелистер.

Утрешното големо финале е закажано за во 19.30 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy