Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер по двете по ред стартни елиминации конечно е во полуфинале!
Спорт

Пелистер по двете по ред стартни елиминации конечно е во полуфинале!

16/02/2023

AA

Кошаркарите на Пелистер го „скршија“ малерот наречен куп-четвртфинале, па по двете по ред елиминации уште на стартот вечерва, конечно, изборија пласман во полуфиналето по тешката, но заслужена победа во пресметката со Еуро Никел (79-70).

Зонската одбрана комбинирана со зонски пресинг на битолчани во последната четвртина ептен ги збуни кавадарчани, па со серија 18-2 дојдоа дури и до двоцифрена предност (79-68) доволна за трет пласман меѓу четирите најдобри во клупската историја. Избраниците на тренерот Горан Самарџиев долго ќе жалат за пропуштената шанса, со оглед што беа подобар повеќе од три четвртини, а во еден момент имаа и дури плус 11 (31-20).

Кени Карпентер со 22 поени беше најефикасен кај зелено-белите, а веднаш зад него беа Димитар Караџовски со 20 поени и Андреј Маслинко, кој на реализираните 16 поени имаше и дури седум блокади.

Ривал на Пелистер за втор пласман во големото финале ќе биде дебитантот во ова друштво, екипата на Феникс, која претходно по голема драма го совлада Гостивар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока на македонско-косовската граница

01/08/2026

Тројца мажи се лишени од слобода, а одземени се две возила и криумчарена стока во акција спроведена на македонско-косовската граница.

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се чека до два часа

01/08/2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy