
Пелистер го растури Охрид, Феникс го изненади Гостивар
Во првото полувреме се водеше тешка битка на паркетот, а резултатот по првите 20 минути беше 32-32. Во продолжението се водеше голема битка, а Феникс направи исчекор кон победата откако поведе со 56-51 по третата четвртина.
Скопскиот тим успешно ја одржуваше предноста, иако Гостивар најпрво израмни (56-56), а потоа не го искористи притисок и му дозволи на Феникс да слави со 66-63.
Најдобри кај Феникс беа Џозеф Рис и Метјус Кларк со по 16 поени, додека Максим Митевски постигна 18 за Гостивар.
Кошаркарите на Пелистер остварија убедлива победа против Охрид со 97-57, а најдобар во триумфот беше Планиниќ со 22 поени, седум скокови и две асистенции.