
Пелистер го прегази домаќинот на почетокот на Струшкиот турнир
Струга даваше отпор само во првото полувреме, кога имаше негатива од еден гол (10-11) против Пелистер, меѓутоа битолчани во завршницата од првите 30 минути стигнаа до 18-14.
Пелистер доминираше во вториот дел, додека Струга имаше проблеми во нападот, а тоа го искористи екипата од Битола за триумф од 39-22.
Филип Кузмановски и Петар Атанасијевиќ постигнаа по шест голови, додека Никола Летиќ запиша пет погодоци за Струга.

