Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер добива ново раководство: Убедени сме дека клубот е на вистински пат!
Спорт

Пелистер добива ново раководство: Убедени сме дека клубот е на вистински пат!

19/05/2025

AA

Македонскиот прволигаш Пелистер соопшти дека ќе има промени во раководството, откако си заминаа претседателот Митко Стојковски и членот на Управниот одбор, Тони Мицевски.

Стојковски и Мицевски решија да се повлечат од Пелистер, кој преку соопштение најави дека ќе добие ново раководство, како и дека клубот се движи во вистински правец.

„Со одигрувањето на последното 33. коло заврши фудбалскиот шампионат на Македонија во Првата лига, а со исклучок на неколку активности на младинските категории во клубот, ФК Пелистер полека ја испраќа сезоната 2024/25. На крајот од сезоната претседателот Митко Стојковски и членот на Управниот одбор, Тони Мицевски, си поднесоа оставки на своите функции. Во периодот под нивно водство клубот одработи голем дел од предвиденото, кое јавно беше образложено при нивното доаѓаење во јануари 2023 година.

ФК Пелистер експресно се врати во Првата лига и во првата сезона во елитната категорија играше важна улога. Соодветно на буџетот, можностите и плановите, секако земајќи го предвид и фактот дека играше како нов прволигаш, клубот дојде до шестото место во Првата лига, освои 39 бода, што е резултат достоен за почит. Стабилизацијата на проектот и на клубот во горниот слој на македонскиот фудбал беше зацртан план и резултат кој ги задоволува во моментов нашите критериуми и стандарди. Клубот во јануари 2022 година беше затекнат со долг од 24 милиони денари, кој актуелната управа го сервисираше скоро целосно и останаа само минимални долгови и тековни трошоци за сезоната која е на истек. Исто така процесот на исплаќање на обврските кон фудбалерите и вработените во клубот редовно се исполнува.

При преземањето на клубот младинските категории во клубот беа на маргините во државните шампионати, а денес се во потесен круг за најдобар младински клуб во Македонија, со генерации кои се борат за титулите во шампионатот и Купот на Македонија. Во сезоната 2023/24 нашата кадетска екипа беше шампион на Македонија, минатата сезона три генерации играа финале на Купот, а сезонава за Куп-трофејот ќе се бори нашата пионерска екипа. Во вкупната табела на младите категории Пелистер е рамо до рамо во Брера и Вардар на врвот. Бројката на членови на нашата школа е многу повисока од претходно и горди сме на почитувањето на брендот Пелистер од страна на најмладите.

Во делот на инфраструктурата клубот и Општина Битола, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, дефинираа план за комплетирање на стадионот „Петар Милошевски“ и горди сме што по многу години Битола ќе биде домаќин на фудбалската репрезентација на Македонија. Со комплетирање на стадионот нема да застане нашата заложба за подобри услови за нашите фудбалери. Секако продолжува планот за изградба на терени за тренинг и спортски комплекс, но за тоа потребна е помош од повеќе фактори. Најнапред комплетирање на урбанистичката документација, а потоа и конструкција за реализирање на планот.

Убедени сме дека клубот е на вистински пат и ќе го продолжи развојот. Наскоро ќе следи реорганизација, поставување на нови раководечки луѓе и подготвување на следната сезона. Клубот најискрено им се заблагодарува на Митко Стојковски и Тони Мицевски за целосното вложување во овој период и потенцира дека за нив и за луѓе со сличен став и размислување за нашиот Пелистер вратите од клубот ќе бидат секогаш отворени“, се вели во соопштението.

Standings provided by Sofascore

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy