Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер беше на милиметри до сензација со ПСЖ!
Спорт

Пелистер беше на милиметри до сензација со ПСЖ!

11/09/2024

AA

Македонскиот првак Пелистер со пораз од ПСЖ ја почна новата сезона во ракометната Лига на шампионите, но по она што го покажа во Париз, може да бидат задоволни и навивачите и стручниот штаб.

„Светците“ славеа со 31-29 иако во еден момент се чинеше дека битолскиот тим може да доживее катастрофа бидејќи домаќините водеа и со осум гола разлика. Пелистер се држеше во првите десет минути во кои четири пати имаше водство од еден гол. ПСЖ потоа направи серија од 4-0 и ја презеде контролата над резултатот која не ја испушти до крајот.

Во 20. минута беше 11-7, на полувреме се замина со 18-13, а во 41. минута ПСЖ го достигна највисокото водство, од осум разлика (25-17). Тука Пелистер почна да се враќа. Со серија од 6-1 се доближи на 23-26 на осум минути пред крајот, а нешто подоцна дојде и на само -2 (25-27). За жал, не успеа да најде одговор за фантастичниот Шипжак кој во клучните моменти постигна два гола по ред и го одржа ПСЖ во водство. Пелистер се доближи на само еден гол негатива на 17 секунди пред крајот, но Стеијнс стави точка во последниот напад.

Токму Шипжак беше најефикасен играч на мечот со 11 гола од 13 шута. Кај Пелистер, одличен беше Филип Кузмановски кој реализира 8 гола од 11 удари, но успеа да ги разигра и останатите ракометари, особено Пешевски кој заедно со Цехте постигна по шест гола. Голманот Филип Ивиќ не се истакна претерано бидејќи успеа да одбрани само шест удари, додека Никола Митревски не застана на голот.

Својот прв натпревар на домашен терен во новата сезона во Лигата на шампионите, Пелистер ќе го игра на 18 септември, против германскиот претставник Фуксе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy