Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер ја одбрани Битола, Алкалоид не успеа да направи изненадување!
Спорт

Пелистер ја одбрани Битола, Алкалоид не успеа да направи изненадување!

19/02/2023

AA

Пелистер го совлада Алкалоид со 27-25 во дербито од второто коло во плејофот, во македонската ракометна Суперлига.

Јасно беше дека фаворитот од Битола нема да има лесна задача против младиот тим, предводен од Кире Лазаров, а тоа го покажа и почетокот на мечот, во кој Алкалоид тргна мотивирано, во силно темпо и поведе со 6-3 веќе по осум минути игра. Пелистер имаше проблеми во нападот, но како што течеше полувремето, полека ја средуваше играта, предовден од Марио Танкоски.

И одбраната почна да функционира, па Алкалоид наиде на проблеми некаде по 20 минута. Беше 10-8 во тој период, а домаќинот поведе серија од четири невозвратени гола. Од 21. минута до крајот на полувремето, гостите од Скопје погодија само еднаш, па на паузата Пелистер го презеде водството со 13-12.

Насоките на Ларс Валтер се познаваа полесно на теренот, па водството на Пелистер стана стабилно во вториот дел, изразено и со три разлика во добар дел од полувремето. Се играше најчесто на дистанца од 2-3 гола за зелено-белите, пред завршните пет минути, кои ја дадоа неизбежната драма. Во 54. минута, Пелистер првпат поведе со плус пет, 24-19 и делуваше дека тука некаде е крајот на надежите за Алкалоид.

Меѓутоа, играта со празна мрежа им се удри од глава на битолчани, па примија два брзи гола од противничката половина. Тоа ја потхрани мотивацијата на гостите и не застанаа тука. На минута и пол до крајот намалија на минус еден, разлика која важеше и во последните 30 секунди, со напад на Пелистер. И покрај пресингот и агресивната одбрана, Денис Васиљев се јави како јунак постигнувјаќи ги двата гола за сигурна победа на Пелистер.

Тој застана на шест гола, по пет имаа Танкоски и Каспер Кисум. Во редовите на Алкалоид, Мартин Серафимов и Божидар Илиески броеја до пет.  Со втората победа, Пелистер дојде до девет бода, колку што има и Вардар на врвот на табелата, а Алкалоид остана на три, засега на четвртото место.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy