
Пелистер 2 го сотре Скопје 2020 со 15 разлика!
Пелистер 2 тргна фуриозно од самиот старт и постојано го зголемуваше водството до крајот на првото полувреме (19-10).
Скопје 2020 не најде решение за расположените ривали ниту во вторите 30 минути, па од Битола си замина со пораз од 15 гола разлика (22-37).
Најдобри во победничкиот тим беа Стефан Трпчевски и Ненад Белистојановски со по шест гола, додека Андреј Митиќ постигна пет за скопската екипа.