Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пеколно време: Утре до 43 степени во Скопје и Кавадарци
Македонија

Пеколно време: Утре до 43 степени во Скопје и Кавадарци

24/07/2025

AA

Македонија денеска се соочи со екстремно високи температури. Највисоката измерена максимална температура беше 42°C во Велес, Демир Капија и Гевгелија, додека најниска беше на Попова Шапка – 26°C. Во Скопје, Битола, Штип и Струмица се измерени 40°C, додека Кавадарци со 41°C влегува меѓу најжешките градови за денот.

Времето денес беше сончево и многу топло, со слаба до умерена облачност и променлив ветер кој не донесе никакво освежување.

До крајот на денот:

Ќе се задржи стабилно, сончево и топло време. Во текот на ноќта се очекува ведро небо со слаб променлив ветер.

Утре:

Не се очекува олабавување на горештините. Времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен, а на моменти и засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 23°C, а максималните од 37 до дури 43°C.

Во Скопје утре се очекува вистински топлотен удар – минимална температура од 21°C, а максимална до рекордни 43°C, придружена со слаб до умерен северозападен ветер.

Прогноза за наредните денови:

Во сабота продолжуваат пеколните температури, локално до 43°C. Од недела следува благ пад на температурите, а ќе се зголемат и условите за локални поројни дождови и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе мало освежување.

Метеоролозите апелираат до граѓаните да избегнуваат директна изложеност на сонце, особено во периодот од 11 до 17 часот, да внесуваат доволно течности и да внимаваат на своето здравје, особено хронично болните, постарите лица и децата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy