
ПЕКОЛ ТОПЛО: Не излегувајте доколку немате потреба, Македонија е во портокалова фаза!
Управа за хидрометеоролошки работи утрово објави актуелно предупредување. Во цела држава е прогласена портокалова фаза. Времето ќе биде сончево и многу топло со натпросечни температури кои ќе достигнуваат 40 степени. „Денес ќе биде сончево и многу топло со натпросечни температури, а земјата ќе биде во портокаловата фаза за опасност од високи температури“, велат од УХМР.

