
Пекинг Гуан е клубот со кој Адеми веќе се договорил, се чека „зелено светло“ од Динамо
Повеќе од две недели стои понудата на маса за Адеми, откако неговиот претходен обид минатиот месец пропадна за заминување откако Динамо ја спушти рампата, но сега после плус 11 пред Хајдук во трката за титула, „модрите“ најверојатно ќе му излезат во пресрет за Адеми првпат да се испроба надвор од Хрватска.
Пекинг Гуан наводно, како што пишуваат хрватските медиуми, му дал силни гаранции на Адеми дека ќе се испочитува договорот, а најавите се дека вкупно девет милиони евра ќе заработи македонскиот репрезентативец за тригодишен договор. Ова е клуб во кој своевремено беше тренер легендарниот Славен Билиќ, меѓудругото и поранешен хрватски селектор.
Наводно последен меч на Адеми за Динамо ќе биде дуелот со Риека на 19 март после што следува репрезентативната пауза, па тогаш фудбалерот за врска би го завршил трансферот, бидејќи преодниот рок во Кина трае до 7 април. Ова би значело дека тој ќе игра уште против Осиек, Шибеник и Истра во следниве три недели пред да се збогува од модриот дрес.
Останува неизвесноста ако го реализира трансферот баш за време на репрезентативната пауза, дали ќе биде во конкуренција за стартот на Македонија во евроквалификациите за ЕП 2024 во Германија и мечот со Малта на 24 март во Скопје.