Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пекари кои испекоа завидни профити: „Диме“ скоро дуплираше, а „Специјал“ со најголем скок
Македонија

Пекари кои испекоа завидни профити: „Диме“ скоро дуплираше, а „Специјал“ со најголем скок

26/04/2023

AA

ПАРИ АНАЛИЗА | Кога некому ќе се стемни, на друг му се разденува. Додека на граѓаните им паѓа(ше) мрак на очи поради изгор цените на основните прехранбени намирници, особено на најосновниот – лебот, на пекарите силно им светна(л) ден. Лебот што го јадевме лани беше за 30,8 насто поскап споредено со 2021 година. Но, ако се направи паралела меѓу цената на овој продукт само од декември 2022 со таа што опстојувала една година претходно, тогаш станува јасно дека векната леб сме ја плаќале речиси 50 проценти повеќе.

И, кај кого е ќарот? Добар дел од овие пари, заврши како екстра профит кај некои од производителите на леб. Дел, пак, имаа помaли заработки во споредба со 2021 година.

Т-02: Индекси на трошоците на животот, декември 2022 година
T-02: Consumer Price Index, December 2022
Структура
Structure
XII 2022
————
Ø 2021
XII 2022
————
XI 2022
XII 2022
————
XII 2021
Ø 2022
———–
Ø 2021
I-XII 2022
————-
XII 2021
0ВКУПНО1000.0121.899.8118.7114.2111.3
01Храна и безалкохолни пијалаци399.0132.198.5127.1120.9116.3
01.1Храна372.1133.198.4127.9121.5116.7
01.1.1Леб и жита78.1149.699.7140.1130.8122.4
01.1.2Месо85.4133.499.9127.9118.3113.4

ИЗВОР: Државен завод за статистика

Интересни и можеби интригантни, во контекст на сите кризни случувања, се податоците кои порталот Пари ги обезбеди од www.biznismreza.mk, за приходите на пекарите, кои до неодамна тврдеа дека се „жртви на безумието“. Гледано според процентуалниот пораст на профитот во споредба со 2021 година, листата најдоходовни во 2022 ја предводи „Специјал продукт“ ДООЕЛ Скопје. Во услови на откачена инфлаторна спирала, компанијата успеала да го удвои профитот. Зголемувањето е за извонредни 114 проценти во однос на остварувањата од претходната година.

Добро поминал и „Диме“, со поголем профит за 78,6 насто, додека Жито Скопје – Силбо ДООЕЛ Скопје и Жито Леб Охрид имаат помали профити во споредба со 2021 година. Гигантот „Жито-Лукс“ ја намали загубата скоро за половина во споредба со состојбата од пред две години.

Извор: БизниМрежа.мк

Пораст на трошоците за вработените покажуваат годишните сметки на овие компании. Ако дел од нив се за повисоки плати, во тој случај најдарежливи биле во „Жито-Лукс“ Скопје, каде што трошоците пораснале за 19,4 проценти, а најскромни биле во „Силбо“, каде оваа ставка е повисока за само 0,9 насто.

Извор: БизниМрежа.мк

Сепак, ако се погледне делот „просечен број вработени врз основа на часови на работа во пресметковниот период (во апсолутен износ)“ – секаде, освен во „Специјал“, бројот на работно ангажираните е помал во споредба со 2021.

За потсетување, дел од производителите на леб лани на први декември добија од Владата субвенции за електричната енергија, но на почетокот од годинава одбија да ја намалат цената на лебот. Тврдеа дека субвенционираната струја нема голем удел во конечната цена на производот. Таа поддршка ја загубија на први март. Паралелно со тоа, стапи во сила владината мерка за замрзнување на цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама на 33 денари. Така, леб почна да се меси дома, затоа што рафтовите во маркетите останаа празни, откако најголемите пекари направија неколкудневен прекин на производството и дистрибуцијата.

„Дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цените во ‘Службен весник’, од наредниот ден нема да се произведува леб и да се носи на пазарот. Ова не е бојкот“, изјави на 28 февруари Горан Малишиќ – престедател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Сепак, ја спуштија топката, но најавија дека ќе ја тужат државата поради загубите во нивното работење, кои според нивните проценки, до 31 мај ќе достигнат износ од над 4,5 милиони евра.

Критики за замрзнувањето на цените има и од стручната јавност. Економистите укажуваат дека тоа не е пазарно решение, а товарот на кризата не смее да го носи само една индустрија. Државата треба да интервенира во време на криза, но помошта да ја ограничи само на семејствата на кои им е потребна.

Секој се раководи од своите (пре)сметки. Некој тешко заработува за леб, а некој добро живее од леб.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy