
Педри им се обрати на фановите: Немојте да мислите дека солзите беа – солзи од немоќ!
За Педри тоа беше шеста мускулна повреда во последните две години, трета оваа сезона, па тешко му беше да се помири.
Педри со солзи во очите го напушти теренот, а плачеше и кога беше седнат на клупата за резерви.
Прогнозата е дека неколку недели ќе биде надвор од теренот.
Тој сега им се обрати на фановите и вети дека наскоро тие солзи ќе бидат солзи радосници.
„Тешко е да запрете и да почнете повторно по сите тие напори и работа направени за да се вратите. И покрај тоа, немојте да се сомневате дека вчерашните солзи беа солзи на немож, ќе се вратам и тие солзи многу брзо ќе бидат солзи на среќа. Невозможно е да не се биде трогнат од сета љубов која ми ја испративте во последните неколку часови. За вас, за стручниот штаб, за сите оние околу мене и за мене, морам да гледаме напред. Имаме уште многу радости пред нас“, напиша Педри.
