Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЧЕНИЦАТА ПОСКАПЕ ЗА 14, ПЧЕНКАТА ЗА 10 ПРОЦЕНТИ! Остри апели до Путин, ОН и ММФ- „Најранливите ќе платат највеќе, продолжете со договорот за жито“
Економија

ПЧЕНИЦАТА ПОСКАПЕ ЗА 14, ПЧЕНКАТА ЗА 10 ПРОЦЕНТИ! Остри апели до Путин, ОН и ММФ- „Најранливите ќе платат највеќе, продолжете со договорот за жито“

26/07/2023

AA

Антонио Гутереш од ОН апелираше до Русија да продолжи со спроведувањето на претходниот договор за извоз на жито од Украина. Со неодамнешниот колапс на договорот за жито меѓу Украина и Русија, „најранливите ќе ја платат највисоката цена“, рече Гутереш. Тој рече дека веќе има негативни ефекти врз светските цени на пченицата и пченката.

Цените на пченицата се зголемени за повеќе од 14 отсто од понеделникот, кога Русија се повлече од договорот за жито, а цените на пченката се зголемени за повеќе од 10 отсто.

„И Русија и Украина се од клучно значење за глобалната безбедност на храната“, рече Гутереш.

Тој истакна дека низ историјата тие сочинувале 30 отсто од светскиот извоз на пченица и јачмен, една петтина од целата пченка и повеќе од половина од сончогледовото масло.

„Ја повикувам Руската Федерација да се врати на имплементацијата на Црноморската иницијатива, во согласност со мојот последен предлог“, рече Гутереш и ја повика меѓународната заедница да биде обединета во изнаоѓањето решение за ова прашање, пишува Seebiz.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) процени дека повлекувањето на Русија од договорот за безбеден извоз на украинско жито преку црноморските патишта може да предизвика глобално зголемување на цените на житото од 10 до 15 отсто.

Според главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуриншас, Црноморскиот договор за жито бил „многу важен“ за да се обезбеди дека може да се извезат доволни количини жито од Украина за да се олеснат ценовните притисоци врз прехранбените производи, пренесува Ројтерс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy