
Пазарниот инспекторат се засилува со 40 нови инспектори
Државниот пазарен инспекторат до средината на годината ќе добие 40 нови инспектори, кои по завршување на обуките ќе започнат со интензивни теренски контроли.
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека ова засилување е неопходно за подобра контрола на внатрешниот пазар и доследно почитување на законите од страна на трговските друштва.
„Потребни ни се повеќе инспектори за поголема отчетност и ефикасна контрола над сите кои ги прекршуваат прописите“, изјави Дурмиши.
Во моментов, во Пазарниот инспекторат работат 120 инспектори, додека во Трудовиот инспекторат се ангажирани околу 80. Според министерот, кадровското екипирање е приоритет откако овие тела преминаа под надлежност на неговото министерство.
